Швајнштајгер со специјална честитка: Почит за Македонија, победија четирикратен светски првак

Поранешниот германски репрезентативец, Бастиан Швајнштајгер, ја честита историската победа на македонските фудбалери над Германија во квалификациите за СП во Катар.

Тој вели дека на Македонците неправедно им бил одземен еден пенал, но сепак успеале да победат четирикратен светски шампион.

„Мојата почит за Македонија, еден несреќен пенал против нив, а чист пенал не им беше даден. Но овие момци го добија натпреварот против четикратен светски шампион“, напиша Швајни на Твитер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде