Ковид-19 коси во нашата земја. Секој ден има голем број на новозаразени и починати. За наредниот период се најавени нови, построги мерки.
Еден од градовите каде што има голем број на заболени е Охрид, каде доминантен е британскиот сој.
Неодамна, градоначалникот Георгиевски повика на одговорност и истакна дека се додека се полнат кафеаните, ќе се полнат и болниците.
А токму Општата болница во Охрид денеска повикаa на одговорност и ја објавиja денешната статистика според која има дури 93 новозаразени за едно деноноќие, а лекарите се на работ на своите сили.