ШТО СЕ СЛУЧУВА? Трафостаница во Железара фрлаше искри на сите страни (Видео)

Синоќа на социјалните мрежи се појавија видеа од дефект на трафостаница во Железара на кои се гледа како летаат искри на сите страни.

Причината за дефектот е паднато дрво кое направило спој на трафостаницата на ЕВН во Железара.

Екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Од Територијалната противпожарна бригада информираат дека и тие добиле повик за интервенција од каде било испратено возило, но немало потреба за интервенција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде