Фудбалската репрезентација на Хрватска дефинитивно е во криза.
После поразот од Словенија (1:0) и минималниот триумф против Кипар (1:0), Хрватите вечерва се мачат и против Малта.
Моментално се игра 60 минута, а резултатот сеуште е 0:0.
Хрватска немаше и некои големи шанси, додека Малта од друга страна имаше две добри шанси, но резултатот остана оној почетниот.
Доста проблеми за актуелниот светски вицешампион.