Шок за Пеп: Му се повреди “мозокот“ на тимот, ќе ги пропушти натпреварите против ПСЖ?

Манчестер Сити вчера беше поразен од Челси со 1:0 во полуфиналето од ФА купот.

На Челси за финале му беше доволен погодокот на Зијех, а денеска Сините ќе дознаат дали за трофејот ќе се борат против Лестер или Саутемптон.

Што се однесува до Манчестер Сити, тие и натаму се фаворити за титулата во ПЛ, но сакаат конечно нешто да направат и во ЛШ. Пеп Гвардиола е загрижен, откако вчера се повреди еден од главните играчи во екипата, Кевин де Брујне.

„Утре ќе идеме на преглед, но е изгледа добро.“ – рече Пеп после вчерашниот натпревар.

Со оглед на тоа како Де Брује играше оваа сезона, навистина ќе биде голем удар за Граѓаните пред натпреварите со Парижаните.

Де Брујне оваа сезона вкупно одигра 35 натпревари, постигна осум голови и запиша 16 асистенции.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде