Шминките никогаш не треба да ги чувате во бањата, еве зошто

Според стручњаците, бањата е најлошо место за чување на шминката, бидејќи поради брзото загревање и ладење може од темел да им ја промени структурата на производите и да ги направи водникави, а со тоа да ја намали нивната ефикасност. Кимербли Хум, дерматолог, вели дека производите за разубавување и шминката не треба да ги чуваме во бањата бидејќи таму ќе ги изгубат своите својства.
– Во бањата не треба да се чуваат хидратантни креми и серуми, бидејќи така целосно се менува нивниот состав, а може дури и за половина период да се намали рокот на употреба – вели таа.

Да се одржи постојаноста на шминката е доста важен фактор за нејзина правилна употреба. Затоа треба да се има предвид дека нестабилните формули на производите и употреба на состојки што често се многу чувствителни на промена на температурата, што се случува секогаш кога се капеме или тушираме, може да ги оштети активните состојки, клучни за постигнување резултати во третманот за нега на кожата. За да бидете сигурни дека средствата за разубавување ќе го имаат посакуваниот ефект, чувајте ги надвор од бањата, но внимавајте да не бидат изложени на сонце, што исто така има негативен ефект.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде