Шилегов: Се надевам дека коњот ќе биде отстранет од плоштадот во Скопје

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во интервју за грчкиот портал Етнос освен за отстранувањето на галиите изразил и надеж дека како што рекол, коњот ќе биде отстранет од плоштадот во Скопје, пренесува Сител.

Градоначалникот на Скопје за грчкиот медиум објаснил дека тоа не е негова надлежност туку на општина Центар но дека се надева дека споменикот ќе биде отстранет. 

Во интервјуто градоначалникот зборувал за соработката со градоначалниците на Солун и Атина и пречките кои на тој план ги стави пандемијата на корона вирусот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде