Шилегов: Не можам да постигнам со работа, за 12 години ВМРО направи пустош во Скопје

Во гостувањето во Студио 10 градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов говореше за проектите кои тој ги остварил како градоначалник.

Како што додаде тој, зеленилото е подигнато на повисоко ниво и значително е намалена загаденоста во главниот град на Македонија.

„Не можеме во три години да ги поправиме работите кои биле уништени во претходните 12. Граѓаните се радуваат на сегашното зеленило и очигледно работиме на тој проблем. Од високо 50-то место според загаденост, ние сме на 360 место и сега сме во средно загадени градови. Сите проблеми ќе се решаваат со тек на време, треба само трпение“, истакна Шилегов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде