Шекеринска се повлекува од СДСМ

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната церемонија во Касарната „Илинден” во Скопје, по повод турската донација од 7.400 комплети гортекс униформи за припадниците на Армијата беше прашана дали ќе ја задржи позицијата заменик претседател на СДСМ по Конгресот на партијата во мај, при што таа одговори дека во тек се процедури на предлози од страна на општинските организаци.

„Добив прашање од мојата Општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека и СДСМ и политичката сцена на Република Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри. Апсолутно, пристапот кон Конгресот треба да ни биде да формулираме и нови политики, а тие да бидат подобри“, изјави Шекеринска.

Шекеринска одговари и на новинарско прашање дали таа е кандидат за амбасадор на земјава во Вашингтон и дали би ја прифатила таа позиција доколку и биде понудена.

“Во ниту еден момент не сум учествувал во дискусија по ова тема. Таа тема долго време беше интересна за јавноста, имаше информаци, дезинформаци, деманти. Јас се чуствувам заморено да дезинформираме, па да демантираме. Мислам дека е срамота за едно такво место да се игра медиумска игра.“, додаде Шекеринска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде