Шампионски потег: Српските фудбалери премијата од милион евра ќе ја донираат за лекување на 6олни деца

Селекцијата на Португалија беше блиску до директен пласман на Светското првенство во 2022, на домашен терен со Србија им беше доволно и реми за да го обезбедат пласманот.

Сепак Србија со гол во последните минути стигна до победата и ги испрати Португалците во баражот.

Пред клучниот натпревар, за тимот на Драган Стојковиќ-Пикси српскиот претседател Александар Вучиќ вети премија од милион евра, и сега фудбалерите во договор со селекторот решија парите да ги донираат за лечење на болни деца.

Имено, премијата од милион евра што им ја вети српскиот претседател Александар Вучиќ доколку ја победат Португалија,

српските фудбалери одлучија да ја донираат на посебна сметка каде што ќе се искористат парите за лекување болни деца.

Како што објавија српските медиуми, селекторот Драган Стојковиќ-Пикси и фудбалерите едногласно ја донеле ваквата одлука.

Како што сега стојат работите, селекцијата на Србија директно ќе патува на Светското првенство во Катар, а селекцијата на Португалија ќе игра бараж, а можеби ќе се соочи со репрезентацијата на Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде