Семејството Заеви донираше амбулантно возило за струмичката болница

Компанијата „Тотал Инженеринг”, фирма на семејството Заеви, денеска донираше комплетно опремено амбулантно возило за транспорт на пациенти на струмичката болница.

„Во време кога сите ние -и здравствените работници и пациентите се соочуваме со најголемиот предизвик – битката со Корона вирусот,сакам да се заблагодарам на сите општествено одговорни компании кои даваат свој придонес и поддршка се во интерес на пациентите.

Голема благодарност до Тотал Инженеринг – фирма на семејството Заеви која денес донираше уште едно комплетно опремено амбулантско возило за транспорт на пациенти , како и заштитна опрема за вработените во Ковид центарот. Да бидеме одговорни-НОСЕТЕ МАСКИДРЖЕТЕ ДИСТАНЦАОДРЖУВАЈТЕ ХИГИЕНА НА РАЦЕТЕСите заедно секој со својот придонес ЌЕ УСПЕЕМЕ!“ – напишаа од струмичката болница на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде