Семејство со 11 членови живее без струја, децата незнаат што е светилка

Додека чекаат да пристигне десеттиот член на семејството во нивниот скромен дом, прекинот на струјата им создава дополнителни проблеми, поради неплатен долг од 300 марки или некаде околу 9 илјади денари.

Поради долг од 300 марки, единаесетчленото семејство Џуришиќ, од селото Велика Сочаница кај Дервента, неодамна живее во мракот.

Велат дека немаат пари за долгот, бидејќи единствен сигурен приход им е додаток за дете и породилно за најмалото дете.

Семејството Џуришиќ се пример за хармонија, љубов и борба за живот. Мајката Гордана е принудена да се снаоѓа и како да ги распредели скромните додатоци за дете и породилно, а дневниците што нејзиниот сопруг Владимир повремено ги заработува се многу мали, пренесува БН.

Додека чекаат да пристигне десеттoто дете на семејството во нивниот скромен дом, прекинот на електричната енергија им создава дополнителни проблеми, поради само 300 марки, неплатен долг.

Имам големи обврски, јас и мојот сопруг се снаоѓаме. Живееме со додаток за мајчинство и дете, а понекогаш и сопругот оди на работа. ”

,,Редовно плаќавме струја, на 4 февруари, тоа беше последната уплата, а пред неколку дена пристигна фактура со долг од 310 марки, што е голема сума за нас, немаме да платиме “, вели Гордана Џуришиќ

Животот без електрична енергија, за единаесетчленото семејство Џуришиќ, значи живот во темница, без греење, без бојлер и учење под свеќа, четири деца се школуваат во овој дом. И единствено што не им недостасува е детската радост и смеа, со скромни желби.

Целиот текст прочитајте го на Кластер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде