Села и Гаши: Ќе го спречиме одложувањето на пописот

Алијанса за Албанците и Алтернатива се против одложување на пописот, што вчера го договорија премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерската средба.

Лидерите на двете опозициски партии, Зијадин Села и Африм Гаши, денеска на прес-конференција најавија дека нивните 12 пратеници ќе гласаат против промена за Законот за попис.

„Ќе ги искористиме сите средства и се што е во наша моќ овој процес да продолжи. Оваа форма на одложување на пописот, како што постапија Заев и Мицкоски за нас е неприфатлива. Пописот не треба да се политизира, туку конечно да знаеме колку сме и да се носат одлуки врз основа на тоа.

Нема да го дозволиме одложувањето на пописот. Имаме механизам да спречиме промена или одложување на Законот за попис преку Бадинетеровото мнозинство. Пописот треба да продолжи, не треба да се одложува.“ – рече Села.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде