
Фејсбук статус на колумнистот Александар Левески:




Гледајќи колку брзо Бугарија ја спроведува и ја комплетира истрагата за автобуската несреќа и гледајќи колку тоа го прави стручно, темелно и прецизно, дали ви станува појасно колку тоа ние застранивме?




А застранивме затоа што партизацијата и политизацијата на државата ја уништи есенцијата на државотворноста, го задуши експертскиот дискурс, ги разбрка стручните и способните, а на истурени позиции постави партиски полтрони без никакви знаења и вештини.




Сега појасно ли ви е зошто Бугарија (со сите нејзини недостатоци и фалинки) е сепак Европа, а ние не сме?




Не сме затоа што го немаме неопходниот минимум за да можеме да се наречеме држава. Ете тоа е на кратко. Среќен ќе бев да беше обратно, ама не е.




Летово видовме како изгледа уште поспастрена држава од Бугарија благодарение на присуството на австриските противпожарни бригади.




Гледаме, а ништо не учиме. Се што ни се случува, сите траг едии и неср еќи се последица на изигрувањето на правилата, на процедурите и прописите.




За се сме самите виновни и тој факт е поразителен. Многу е полесно и поедноставно кога можеш да обвиниш трета страна за сопствените несреќи, но ете ние не можеме.




Не само што не е чест и гордост да си Македонец во 21 век, туку е и срам.
Сpамно е колку лоша слика рефлектираме наоколу, срамно е колку ниска самопочит имаме како нација, срамно е што заедно со Албанците во Македонија сме цивилизациско дно во Европа.




Заглавени сме во мизеријата на сопственото постоење. Заглавени во мрачниот среден век“.