Од утре, 6 април до 20 април ќе биде во сила полициски час од 20 часот навечер до 05 часот наутро наредниот ден.
Од 7 април до 20 април се воведува целосна забрана за гости и посетители во угостителските објекти, на бензински станици и во хотели освен за гостите кои се сместени таму, а дозволено е вршење достава на храна. Од оваа забрана се исклучени угостителските објекти на аеродромите во Скопје и во Охрид.
Исто така од 7 до 20 април се воведува целосна забрана за гости во сите обложувалници во коишто ќе може да се работи само на шалтер, штанд или пулт.
Од 6 до 20 април има целосна забрана за гости во фитнес сали, вежбални и спортски сали.
Се забранува организира и одржување семинари, обуки, работилници и курсеви и тоа во периодот од 6 до 20 април.
Сопствениците на миленици кои живеат во згради ќе биде дозволено изнесување на кучињата еден час во период од 22 до 23 и тоа не подалеку од 100 метри од живеалиштето.
Продолжува да важи и забраната за групирање на повеќе од 4 лица.