Се влошило здравјето на Камчев, живее во нехумани услови

Од одбраната на Орце Камчев алармираат дека тој се чува во просторија со минимални стандарди во која нема санитарна вода, вода за пиење добива ограничено, а немал и пристап до светлина и свеж воздух, пренесува Плусинфо.

Одбраната на притворениот Јордан Камчев во текот на денешниот ден писмено и официјално ќе се обрати и ќе побара асистенција и мониторинг од Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа, од Асоцијацијата за превенција од тортура од Женева, од Македонскиот народен правобранител (оддел на национален превентивен механизам), како и од македонскиот Хелсиншки комитет.

Одбраната од нив ќе побара да спроведат  ад хок мисија, бидејќи Камчев е подложен на нехуман, понижувачки третман и тортура од страна на институциите кои ја имаат ограничено неговата слобода со мерката триесетдневен притвор, додаваат од Плусинфо.

Инаку, Камчев беше спроведен во затворот во Шутка, поради дојава од АНБ до Обвинителството дека има сознанија за бегство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде