Се појави нова снимка со Матеј која ги промени сите тврдења

Синоќа на социјалните мрежи се појави зумирана снимка од Матеј Периш од шеталиштето на Сава меѓу два моста, на која се гледа како тој се симнува по скалите.

Но, овој зумиран дел наводно покажува дека Матеј не е сам и дека некој го тепа, по што слегол по скали.

Јасно е дека никој не го брка Периш, но не е сосема јасно што се случило на дното од скалите. Иако снимката е прилично нејасна, во еден момент како да се појавуваат две глави и се туркаат една со друга, а потоа снимката се прекинува.

За потсетување, Матеј исчезнал ноќта помеѓу 30 и 31 декември минатата година, по напуштањето на клубот Готик.

Потрагата по исчезнатиот Матеј Периш трае веќе 12 дена, а според последните информации, лоциран е сигнал на мобилниот телефон на исчезнатото момче кај Големиот воен остров.

Базните станици го регистрирале сигналот на неговиот телефон на тоа место, а потоа сигналот бил лоциран низводно во близина на Големиот воен остров, каде што се изгубил.

Се претпоставува дека Матеј цело време додека го носела Сава го имал телефонот во џебот и дека некаде во близина на островот, на устието на Сава и Дунав, неговото тело останало во водата.

Но, потрагата по телото е отежната зошто водата на тоа место не е длабока, но речните струи се многу силни,

Извор од истрагата за српските медиуми открива дека полицијата ги презела податоците од сите базни станици во овој дел од Белград, откако Матеј Периш, 

ноќта меѓу 30 и 31 јануари без никаква причина, истрача од ноќниот клуб Готик во Бетон салата и исчезна без трага.

– Врз оснвоа на снимките од надзорните камери во околината на Бетон салата, но и следењето на неговиот телефон, со голема прецизност може да се утврди правецот на движење од моментот кога истрчал од Готик, околу 1.40 часот по полноќ.

-Се претпоставува дека Матеј цело време го имал телефонот во џебот додека Сава го носела и дека некаде кај островот, на устието на Сава во Дунав, во вода останало неговото тело, вели изворот.

Според неговите зборови, речната полиција и нуркалците ја пребарувале Сава од Белград на вода до устието, но без успех.

Видеото погледнете го на следниот ЛИНК

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде