Се огласи Трајче Заев: Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви

Братучедот на премиерот Зоран Заев, Трајче Заев, чие име го поврзува ВМРО-ДПМНЕ со заплената на марихуаната во вредност од 800 000 евра, на својот фејсбук профил наведува дека изнесените работи од опозициската партија не се точни.

„Почитувани, Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви.

За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија вмро дпмне сакам да го објавам следното:Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви.

Јас сум на службено патување од 23ти Март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка.“ – напиша Трајче Заев на Фејсбук..

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде