Се огласи сопственикот на „Беса транс“

Рано утринава во Бугарија на 70 километри од Софија се случи тешка сообраќајна несреќа во која изгоре туристички автобус.

Во несреќата загинаа 46 патници, а седуммина се полесно повредени и се сместени в болница.

Според изјавите на преживеаните, пред да се случи несреќата се слушнала експлозија. Причините за експлозијата и несреќата ќе ги утврдат форензичките испитувања.

Сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа изрази сопственикот на туристичката компанија „Беса транс“, во телефонски разговор за телевизија 21.

Тој вели дека и тој самиот не знае како дошло до несреќата и дека од 3 часот утринава се наоѓа на местото на несреќата.

– Не знам како дошло до несреќа. Од 3 часот утринава сум на местото на несреќата за да добијам информаци од бугарските институции, но досега се уште не се познати причините, изјави за телевизија 21 сопственикот на „Беса транс“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде