Се огласи Пандев: Храбрите ги прати среќа!

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев се огласи преку Инстаграм после големата победа над Германија.

Пандев и синоќа беше еден од лидерите на тимот и ја предводеше Македонија до историски успех против Германија.

Денес капитенот не ја криеше среќата и вели дека храбрите секогаш ги прати среќа.

„Во фудбалот некогаш се случуваат чуда. Храбрите ги следи среќата. Со борба, верба и срце на терен, оваа генерација заслужи и заслужува многу поголем респект“, напиша Пандев на Инстаграм.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде