Се јави и Стојанче – еве што одговори за случајот во Кратово

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција даде објаснување за случајот во Кратово.

„Петчлена комисија ќе утврдува дали имало пропусти во Центарот за управување со кризи или другите институции за случајот со завеаниот овчар во планинскиот кратовски крај. Ќе утврдат каде точно се пропустите и слабостите, за тие да бидат надминати во иднина. Не сакаме и нема да дозволиме во иднина, никогаш наш сограѓанин да се најде во ваква ситуација.

Патиштата дали се непроодни поради кал или други причини, спаѓаат во надлежност на локалната самоуправа. Таа треба да се грижи за проодноста на патиштата до секое населено место. Апелирам до сите градоначалници да обрнат внимание на локалните патишта, што водат до планинските села.

Оперативецот на ЦУК во Кратово направил сè што можел, но никој немал возило.

Имаме доволно хеликоптери, кои што би учествувале во една ваква спасувачка мисија. Како директор на ЦУК имам директна комуникација со врховниот командат на Армијата, со претседателот Стево Пендаровски од каде што, од порано ми е посочено дека, доколку ни е потребно во секој момент може да сметаме на хеликоптер. Исто, во постојана комуникација сум и со министерот за одбрана, како и со началникот на Генералштабот на Армијата“, рече Ангелов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде