Се чека одговор: Пристигна понуда од 100 милиони за Лукаку

Англиските медиуми веќе подолго време пишуваат дека примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку.

Манчестер Сити го гледа Белгиецот како идеална замена за Серхио Агуеро, кој е на излезна врата бидејќи му завршува договорот со „граѓаните“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ веќе спремиле понуда од 100 милиони евра за Лукаку.

Интер се наоѓа во големи финансиски проблеми и Сити сака да ја искористи таквата ситуација, но започнувањето на Суперлигата може да ги промени плановите.

Имено, Интер е еден од основачите на Суперлигата и доколку започне новиот проект „нероаѕурите“ ќе бидат финансиски стабилни да ја одбијат понудата од 100 милиони евра.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде