СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го поткопува здравствениот систем

Од почетокот на пандемијата па се до денес, граѓаните сведочат за деструктивниот и неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да понудата макар симболична помош и поддршка за здравствените работници, цела година ВМРО-ДПМНЕ ја поткопува борбата против пандемијата со што работи на директна штета на здравјето на граѓаните, стои во реакцијата на СДСМ.

Колку се грижат за здравјето на граѓаните, покажува тоа што организираат масовни собири на кои воопшто не се почитуваат мерките за заштита.

ВМРО-ДПМНЕ не само што не се грижи за јавното здравје, за напорната работа на здравствените работници, за сите кои се на првата линија против Ковид 19, туку оваа партија предводена од Мицкоски бесрамно се обидува политички да профитира од несреќата на илјадници семејства на заболени и починати од коронавирусот.

Граѓаните ја препознаваат оваа морбидност и нечовечност од опозициската партија и затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одново ќе бидат поразени, соопштија од СДСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде