СДСМ соопшти колку е излезноста до 12 часот

Владејачката партија СДСМ денеска ги одржува првите внатрепартиски избори на кои се бира претседател.

Како единствен кандидат за нов претседател на СДСМ, Зоран Заев ја побара поддршката од членството за нов четиригодишен мандат.

Од СДСМ соопштија дека до 12 часот своето право го искористиле и гласале 32.198 членови на партијата, односно 46 отсто од пријавените за гласање.

„Излезноста во Прилеп е 54 отсто, Тетово 47 отсто, Штип 37 отсто, Струмица 60 отсто, Ресен 45 отсто, Карпош 38 отсто, Ѓорче Петров 43 отсто, Кисела Вода 31 отсто, Делчево 58 отсто, Гостивар 36 отсто, Битола 39 отсто и Куманово 32 отсто.  Ова, според нас, е висок одѕив имајќи предвид дека станува збор само за четири часа од отворањето на гласачките места“ – соопштија од СДСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде