СДСМ: Мицкоски е човекот на Груевски, Мијалков и Камчев, тој е најголемиот бранител на криминалците

Христијан Мицкоски не пропушта прилика да докаже дека е единствен на браникот на криминалот.

Мицкоски, заштитникот на криминалот има проблем што денес за разлика од времето на режимот, нема недопирливи, нема групи и поедници кои се над законите, нема однапред осудени, без разлика дали станува збор за претставници на опозицијата, на власта или било кој граѓанин.

Разбирливо е, тој е човекот на Груевски, Мијалков и Камчев, подеднакво тој е дел од режимско-криминална матрица која 11 години ја злоупотребуваше државата во партиски цели.

Лажни вести, блефирања и дејствување на штета на граѓаните е се што нуди докажаниот губитник Мицкоски.

Негова пуста желба е да дојде на власт со идеи за неправди и нови конфликти, но негова сурова реалност е тоа што едвај се бори за барокната фотелја во расипничкиот дворец и тоа дека губи на секој изборен циклус.

Мицкоски е поразен политичар без став, бледа сенка на Никола Груевски. Тој не донесе ништо ново во македонската политика, тој е срам за десницата во Северна Македонија, стои во соопштението од СДСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде