СДСМ денеска ги спроведува првите внатрепартиски избори

Денеска владејачката партија СДСМ ги организира првите внатрепартиски избори на кои ќе се избира претседател на партијата.

Единствен кандидат за лидерската позиција е Зоран Заев кој уште еднаш ќе ја побара довербата на партијата, овој пат директно преку своето членство.

СДСМ во изминатиот период го ажурираше своето членство кое сега брои над 80.000 членови, а за гласање се пријавиле 68.999 членови.

Изборите ќе се спроведат во сите 80 општински организации на СДСМ од страна на општински изборни комисии и избирачки одбори, на вкупно 237 избирачки места, кои денеска ќе бидат отворени од 08 до 19 часот. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде