Сашо Тасевски до Захариева: Нема поголеми кокошкари од вас

Актерот Сашо Тасевски на фејсбук испрати порака до Захариева во врска со тврдењето на министерката дека Македонија крадела и препишувала бугарски песни.

„Захариева, кога сме кај крадење песни и фалсификување историја, нема поголеми кокошкари од вас.“- напиша Тасевски на својот фејсбук профил.

Инаку, Захариева неодамна ја крена јавноста со изјавата дека наводно Македонија краде и препишува бугарски песни.

„Македонските верзии на познати бугарски песни и романи се препишани за да се избрише сè што е бугарско во нив.“ – рече Захариева.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде