Леванте и Хуеска моментално го играат натпреварот од 29. коло во шпанската Ла Лига.
Гостите одлично го почнаа натпреварот и поведоа во 15. минута кога Рафа Мир ја погоди мрежата на домашните после асистенцијата на Фереира.
На почетокот од второто полувреме Хуеска дојде и до втор погодок, а во центарот на вниманието повторно беше Рафа Мир.
Тој излезе сам пред голманот на Леванте и со фантастичен лоб удар погоди за 2:0.
Нашиот репрезентативец Енис Барди влезе во игра во 71. минута.
Голот погледнете го овде.