Салах најави трансфер: Еден ден сакам да играм во Шпанија

Мохамед Салах синоќа со два гола за Египер се искачи на второто место на вечната листа на стрелци во египетската репрезентација.

После натпреварот ѕвездата на Ливерпул не ја исклучи можноста за трансфер и призна дека сака да игра во Шпанија.

„Не зависи од мене дали ќе останам. Ќе видиме што ќе се случи, но преферирам да не зборувам за тоа сега. Мојот однос со Клоп е нормален однос меѓу две личности. Така би го опишал тоа“, изјави Салах.

„Се надевам дека ќе играм уште многу години, па зошто да не заиграм и во Шпанија, никој не знае што носи иднината, па можеби еден ден ќе играм таму“, додаде Египќанецот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде