Рускиот парламент изгласа закон, со кој Путин останува на власт до 2036 година

Рускиот парламент го изгласа законот за спроведување на контроверзната уставна промена што може да му овозможи на претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година.

Државната Дума гласала за поставување на мандатот на Путин за лидер од 2000 година на нула, што теоретски му дозволува да владее уште 15 години.

Путин не се изјаснил дали тој навистина имал намера да остане на власт толку долго. Според претходните закони, Кремљ ќе морал да го напушти до 2024 година.

Овој потег ја спроведува клучната точка на новиот Устав, кој Русите го одобрија на референдум пред девет месеци.

Тоа беше најважната уставна реформа во историјата на Русија и му даде на Путин многу поголеми овластувања, како што е назначувањето судии на Уставниот суд.

Опозиционите политичари во тоа време го обвинија Путин за злоупотреба на власта и непочитување на Уставот.

Новиот Устав е промовиран со ветувања како што се годишно прилагодување на пензиите и на минималната плата.

Извор: Канал5

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде