Роналдо во Белград бил спремен и на поголем скандал, но се воздржал?

Кристиано Роналдо се најде во ценарот на скандал во натпреварот помеѓу Србија и Португалија.

Натпреварот на „Маракана“ заврши 2:2, а во последните секунди од мечот на Португалците не им беше признат чист гол. Роналдо постигна погодок, топката ја помина гол-линијата, но судијата не сметаше така.

Роналдо веднаш сфати дека не му е признат чист погодок и тргна да протестира. Беше бесен, а на патот до соблекувалната ја фрли и капитенската лента.

Таквиот потег на Роналдо предизвика реакции и во Португалија, а дел од јавноста коментираше дека не смее така да се однесува. За таа ситуација се огласи и неговата сестра.

„Португалија беше ограбена на скандалозен начин. На Кристиано му беше поништен чист гол и реагираше во револт. Не можеше да гледа како некој тоа го прави на Португалија. Сепак, покажа неверојатна смирност, неговата намера беше да ја фрли капитенскатал ента на судијата во лице. Го критикуваат за она што го прави и таквите „експерти“ не можам да ги слушам“, порача неговата сестра Катја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде