Роналдо прифаќа помала плата за да се врати во Реал

Кристианто Роналдо инсистира на лето да се врати во Реал Мадрид, а Јувентус нема да му стои на патот.

Португалецот на индивидуално ниво имаше добра сезона, но сепак Јувентус во 2018 година го донесе со цел да ја освои Европа. Меѓутоа, трета година по ред ЛШ останува сон за „старата дама“.

Роналдо е мета на критики од страна на италијанските медиуми и сака на лето да ја промени средината, а Јувентус нема да му стои на патот и е спремен да го пушти.

Негова најголема желба е враќање во Реал Мадрид, а неговиот агент наводно започнал преговори со „кралскиот“ клуб.

Реал исто така не ја затвора вратата за враќање на Португалецот, кој е спремен да прифати помала плата само за да се врати на „Сантиаго Бернабеу“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде