Роналдо испрати џентлменска порака до ѕвездата на Барса (ФОТО)

Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати веќе пет месеци се рехабилитира од повреда на коленото.

Фати беше опериран, но во последно време се појавија информации дека опоравувањето не оди по планот, па може повторно да биде опериран.

Во овој тежок момент тој доби неочекувана поддршка и тоа од Кристиано Роналдо.

Португалецот иако е голем ривал на Барселона, сепак покажа големина и испрати порака до младиот Фати.

Тој на Инстаграм го охрабри Фати во процесот на рехабилитација со пораката: „ Напред Ансу Фати, ќе се вратиш наскоро“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде