Ризик по здравјето: Откриени лажни вакцини против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Фајзер“ соопшти дека пронашла фалсификувани верзии на вакцината против „ковид-19“ во Мексико и Полска.

Властите во двете земји ги заплениле дозите и со тестирање потврдиле дека се лажни. Вакцините пронајдени во Мексико имале лажни етикети, додека дозите од Полска содржеле средства против брчки наместо вакцини, пишува Би-Би-Си.

Приближно 80 лица на клиника во Мексико добиле лажна верзија на вакцината што не е опасна по здравјето, но не обезбедува заштита од коронавирус.

Портпаролот на мексиканската влада за ковид-19, Уго Лопез-Гател изјавил дека полицијата открила лажни вакцини откако на социјалните мрежи се појавила понуда од 2500 американски долари по доза. Неколку лица биле уапсени.

Полските власти соопштија дека откриле лажни дози во стан на осомничен и дека никој досега не ја примил лажната вакцина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде