Ретро видео: Груевски кажува дека размислувал 10 години однапред и 20 години нанапред

Поранешниот премиер, Никола Груевски кој беше на власт цели 10 години деновиве стана актуелен низ македонските медиуми откако полиција изврши претрес во станови за кои Обвинителството кажува дека биле негова сопственост.

По овие случувања, поранешниот премиер се огласи на фејсбук. Тој на својот профил ги кажа работите од негова гледна точка и истакна дека немал 6 станови како што се пишуваше во медиумите, а кажа и дека неговите деца и сопрука биле вознемирени во 6 часот наутро.

Во склоп на емисијата ,,360 степени” која се емитува на Алсат М телевизија, има и ,,Саботажа”.


Ние одлучивме да споделиме една од многуте, во која поранешниот премиер вика дека гледал 10 години однапред и 20 години нанапред.
Целосното видео може да го погледнете овде

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде