Репрезентативец на Холандија доживеа страшна повреда

Холандија вечерва гостуваше кај Гибралтар во 3. коло од квалификациите за СП.

Холандија како голем фаворит стигнаа до убедлива победа (7:0) и тоа е најмалку што се очекуваше од нив, иако Гибралтар повеќе од 40 минути одолеваше на нападите на гостите.

Победата на Холандија ја фрли во сенка тешката повреда на нивниот фудбалер Блинд, кој во 54. минута мораше да го напушти теренот.

Блинд се клизна, а потоа незгодно стапна на левата нога и се чини дека заработи тешка повреда.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде