Рекорден број хоспитализирани во болниците

Рекордни 1.577 пациенти хоспитализирани во ковид-центрите во земјава – најголем број од почетокот на пандемијата до сега. Расте притисокот врз болниците од наплив на нови лица во тешка состојба од вирусот на кои им е потребен кислород. Болниците освен што регрутираат нови оддели за прием на пациенти со ковид, кубурат и со кадар кој ќе може да ги опслужи.

Во последното деноноќие само во скопските ковид-центри на болничко лекување биле примени 74 пациенти поради комликации од вирусот, со што бројот се зголеми на 666. Во останатите градови се лекуваат 912 лица. Голем дел од пациентите имаат тешка клиичка слика и се на кислородна поддршка

Министерот Филипче утринава на координација со директорите на ковид центрите и претседателот на Комисијата за зразни болести, заклучиле дека во овој бран на повеќе лица им е потребна хоспитализација.

извор: Телма

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде