Рекорд во 2021: Најголем број заразени и починати од Ковид-19

Денеска се регистрирани 1.422 нови случаи од направени 4.277 тестирања, што повторно се вискои 33,2 отсто од примероците. Тоа е најголем број заразени од почетокот на пандемијата. Починаа 33 лица, од кои 12 во Скопје.

Нови инфекции според градови: -Скопје 618-Куманово 94-Прилеп 89-Велес 76-Тетово 63-Гостивар 54-Кавадарци 53-Битола 50-Штип 39-Гевгелија 38-Охрид 33-Струмица 27-Неготино 26-Кочани 22-Кичево 17-Струга 13-Ресен 12-Пробиштип 10-Дебар, Берово и Свети Николе по 9-Крива Паланка и Радовиш по 8-Валандово 7-Богданци и Демир Капија по 6-Македонски Брод и Пехчево по 5-Виница и Делчево по 4-Крушево 3-Демир Хисар и Кратово по 2-Дојран 1

Пријавени се вкупно 33 починати лица: 12 пациенти од Скопје (83, 82, 81, 75, 74, 72, 70, 70, 69, 62, 43, 38), по три пациенти од Тетово (69, 60, 41) и Кавадарци (78, 77, 71), по два пациенти од Битола (83, 65), Прилеп (73, 68) и Ресен (75, 66) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (62), Гостивар (57), Охрид (64), Струмица (72), Струга (76), Крива Паланка (85), Валандово (79), Крушево (53) и Кратово (76).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде