Рецепт за природен витамин Ц: Спас за имунитетот и секојдневен пријател на вашето здравје

Изворот на витамин Ц во вакви преодни сезони е многу важен. Кога наоколу сме опколени со настинки, алергии, пост-ковид ситуации, многу е корисно да знаете како самите да си направите природен витамин Ц.

Имено, витаминот кој се наоѓа во овошјата, најчесто цитрусни, не е истиот витамин ц со аскорбинската киселина, односно синтетичкиот витамин ц и е добиен од генетски модифицирана пченка.

Како да си подготвите домашен витамин ц?

Едноставно е: Треба да си набавите цитрусни овошја – лимон, портокал, грејпфрут, лимета, мандарина. Најдобро е да користите органско овошје, затоа што ќе ви треба кората.

Откако ќе изедете портокал, лимон, или било кое овошје, кората не ја фрлајте – насечкајте ја и ставете ја во чиста ткаеина или на чинија неколку дена на собна температура додека сосем не се исуши и стане крцкава. Потоа таа сува кора ставете ја во блендере, измиксирајте ја и ќе добиете прав – тоа е вашиот домашен витамин ц!

Чувајте го цитрусниот прав во добро затворен сад, можете во тегла, и најдобро е да биде на суво и ладно место.

Како се конзумира?

Не се работи за тоа колку милиграми витамин Ц внесувате, туку колку витамин Ц вашето тело апсорбира. Кога тропските овошки содржат висока доза витамин ц, тогаш во 100 грама кора може да се најде дури 130 милиграми витамин ц. Дури и самиот плод на портокалот дава околу 71 мг на 100 грама овошје. Овие цитруси се полни со ензими и фитонутринети.
Можете да конзумирате по една лажичка дневно во вашите овесни каши, врз салата, во сокови, во десерти, па дури и во супа. Ќе се изненадите и воодушевите колку ќе биде подобрен вкусот, а вие ќе имате одличен оброк збогатен со витамин ц.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде