Реакција на Град Скопје во врска со обвинувањата на Стоилковски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска на прес-конференција го обвини градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов дека сред пандемија дал милион денари за снимање шуми со дрон на фирмата на сопругот на министерката Царовска.

Од Град Сопје испратија реакција до портпаролот Стоилковски во која се пофалија дека во време на пандемија Градот направил четири нови булевари, реконструирал цел клинички центар и ја изгради монтажната болница.

„Кога во неполни 3.5 години, од кои една е во услови на светска пандемија, Градот и градоначалникот успеаа во рекордно време да завршат четири нови булевари, реконструираат цел клинички центар и да ја изградат монтажната болница, кога се завршува мостот на Вардар во Аеродром, кога секоја година се градат десетици километри нови велопатеки, подигаат илјадници квадратни метри нови зелени површини и истовремено се уредуваат запуштени јавни простори, се подигнуваат нови дрвореди, се уредуваат зелени покриви, кога светските организации за мерење на загадувањето на воздухот бележат континуиран пад на загаденоста во Скопје, кога низ градот се движат 33 нови МАН автобуси на гас, се пробива и расчистува кејот на Вардар и кога после 30 години управување со Град Скопје, градоначалникот Шилегов успеа за само три години да го доведе градот пред набавка на трамвај на тркала, логично е дека оваа партија ќе нема што друго да прави освен да измислува скандали и да пласира лажни вести. Ако се има сево ова предвид, тогаш е јасно зошто вмро-дпмне вештачки се обидува да креира наводни скандали, бидејќи и нив им е јасно дека ќе добијат поразителна порака на следните локални избори. Им порачуваме да почнат да си го сакаат градот во кој што живеат, да почнат да работат за него и да престанат да шират лаги.“ – стои во реакцијата на Град Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде