Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека Косово и Албанија се едно во одговорот до Вучиќ кој објави мапа од Косово со боите на српското знаме, а напиша и коментар дека Косово е „српски крст”.
„Косово не е наше бреме, туку наш крст, и од крстот подобро се гледа воскреснувањето отколку од под него.“ – напиша Вучиќ, а на тоа Рама одговори:
„Нека тој пријател објавува мапи и нека си игра на Фејсбук, ние сме едно и така ќе продолжиме до крај. На здравје.“ – рече Рама.
Во однос на објавата на Вучиќ реагираше и опозицскиот лидер во Албанија Љуљзим Баша, кој порача дека Косово е реалност од која нема враќање.