Ракописот може да открие многу за вашата личност

Ракописот го открива вашиот карактер, но и проблемите кои можеби ги имате со здравјето. Внимавајте како го притискате пенкалото (моливот) на хартијата.

Ако притискањето е слабо, нежно како едвај да останува трага, тогаш тие личности се чувствителни. Тие одлично ги разбираат другите луѓе. Повремено им е потребно некои подобро да ги разбере нив, и поради тоа треба да бидат поотворени. Понекогаш се сметаат за тивки и затворени.

Ако притискањето е силно – односно пишуваат како да сакаат да ја „искинат“ хартијата, тогаш се енергични, сериозни и не сакаат да губат време. Понекогаш се под стрес или големо оптоварување, затоа што сметаат дека целиот товар е на нив. За нив би било добро повремено да се опуштат.

Ако притискатањето варира… Тоа е ситуација кога некои букви се посилни од други на хартијата. Ова може да биде индикатор на висок крвен притисок, особено ако почнете послабо со пишување, а буквите стануваат се посилни и посилни.

TV21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде