Рафаел Варан од следната сезона во Манчестер Јунајтед?

Францускиот дефанзивец Рафаел Варан на крајот од сезоната би можел да го напушти Реал Мадрид.

Имено, претходните денови се појавија шпекулации дека кралскиот клуб е отворен за продажба на Варан.

Англиски Дејли Мејл објави дека францускиот репрезентативец се наоѓа на мета на Манчестер Јунајтед кој веќе неколку пати покажува интерес за Варан, но официјални понуди немало.

Сепак, Црвените ѓаволи се спремни ова лето конечно да испратат понуда за Варан, но ќе се обидат да ја намалат ценалта која ја постави Реал Мадрид.

Кралскиот клуб е спремен да го пушти играчот за сума од 65 милиони евра, но во Јунајтед можат да си дозволат најмногу 50 милиони евра. Дали ќе го убедат Перез да се согласи останува да видиме.

Варан во Реал Мадрид пристигна пред десет години од Ленс за десет милиони евра и тоа се покажа како одличен потег на клубот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде