Пукна петарда на ,,Тодор Проески”, Македонија покажа класа против Лихтенштајн 🎥

Денес репрезентацијата на Македонија забележа сигурна и очекувана победа против аутсајдерот во нашата група, Лихтенштајн.

Од самиот почеток нашата селекција беше таа која доминираше, не му дозволивме на противникот во ниту еден момент да се надева на некакво изненадување. Првиот гол дојде по грешка на гостинскиот голман, погоди Барди од слободен удар. Иако ја имавме целосната доминација, сепак тоа беше единствениот гол во првото полувреме.

Како што заврши првиот дел така започна и вториот. Александар Трајковски во почетните минути од второто полувреме во 51. и 53. минута го „откажа“ Лихтенштајн со два брзи гола.

Во продолжение преку Елмас и Несторовски од пенал дојдовме до убедлива победа од 5:0.

Следниот натпревар Македонија го игра веќе во среда и тоа ќе биде многу посериозен предизвик, против Германија на гостински терен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде