Просечната плата во Македонија ближи до 500 евра: Еве колку е за месец септември

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2021 година изнесува 28.869 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата за истиот месец е 43.137 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2021 година, во споредба со септември 2020 година, изнесува 105,3.

– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации (13,2%), рударство и вадење камен (12,8%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12,5%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење камен (4,4%), информации и комуникации (2,5%) и преработувачка индустрија (2,2%) – стои во соопштението.

„Економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата даваат резултат.

Според трендот и реалните очекувања, просечната плата планираме ја донесеме до ниво од 34.000 денари до средината на 2024 година“, напиша Заев на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде