Просечната плата ближи до 500 евра: Еве колку е за месец октомври

Просечната плата ближи до 500 евра: Еве колку е за месец октомври

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 29 145 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 104.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите:

Други услужни дејности (11,7 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (10,1 процент) и Информации и комуникации (10,1 процент).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите:

Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2,1 процент) и Други услужни дејности (2 проценти).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде