Приведени синовите на Мијалкови – еве што се случило

Синовите на Сашо и Влатко Мијалкови синоќа заедно со уште четворица претепале едно 19-годишно момче во клубот Харт бар, на ул, Наум Наумовски Борче во Скопје и во моментов се во полициската станица Кисела Вода во Скопје, а според нашите извори, јавен обвинител треба да одлучи какви мерки ќе бидат преземени против нив.

Претепанното момче 30 минути по полноќ пријавило дека околу 21.45 часот во Харт бар бил нападнат од Жарко Кртолица, Алекс Мијалков, Матеј Казаков, Филип Мијалков, Стефан Ристов и Илија Саздовски кои го удирале со боксови по главата и телото.

Ќотекот продолжил надвор, пред објектот, а откако момчето паднало на земја, продолжиле да го удираат со клоци по телото и по главата. Лекарска помош му била укажана во болницата Наум Охридски. Во моментов синовите на Мијалкови се во станица и се чека одлуката на обвинителот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде