Притвор за шестмината приведни во акцијата со марихуана

30-дневен притвор им определи скопскиот кривичен суд за шестмината осомничени за шверц на марихуана уапсени во завчерашната акција на полицијата во прилепско.

Станува збор за лицата Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, кои се гонат поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција велат дека мерката притвор за сите осомничени е побарана поради опасност од бегство, влијание врз сведоците и повторување на делото.

Велат активно се работи на истрагата а засега е рано да се одговори дали ќе има нејзино проширување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде