Пристигнаа ужасни вести: Рипна цената на нафтата откако ЕУ го намали увозот од Русија

Цените на нафтата достигнаа ново високо ниво откако лидерите на Европската унија синоќа договорија забрана за увоз на нафта од Русија, пишува Би-Би-Си.

Суровата нафта „брент“ денеска се искачи над 123 долари за барел, што е највисоко ниво во последните два месеци.

Цените на нафтата и гасот пораснаа во последните месеци, поттикнати – делумно – од војната во Украина. Суровата нафта „брент“ поскапе за повеќе од 70 отсто во текот на минатата година.

Русија во моментов испорачува 27 отсто од увезената нафта на ЕУ и 40 отсто од нејзиниот гас, а цените на нафтата повторно се искачија по веста за последното ембарго на ЕУ.

Рас Моулд, директор за инвестиции во Еј Џеј Бел, рече дека цените растат бидејќи европските земји сега треба да најдат алтернативни извори на снабдување.

Во меѓувреме, зголемените трошоци за живот се заканува да го намали апетитот на некои земји од ЕУ за дополнителни санкции, што исто така може да им наш тети на нивните економии.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде