Претрес во фирмата поврзана со софтверот што го набави Рашковски

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција утрово извршилo претрес во фирмата „Инвоука Гроуп“ во врска со набавениот софтвер за сообраќајни прекршоци поврзан со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Веста за претресот во фирмата, како и во домот на сопственикот за „360 степени“ ја потврдила и обвинителката Вилма Рускоска.

Таа истакнала дека се прибираат докази во рамки на предистрагата отворена во врска овој случај.

Инаку, софтверот е во вредност од 81 илјади евра, а набавен е за потребите на Министерството за внатрешни работи од каде пак посочија дека не им е потребен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде